23 јуни – Вкоренети и надѕидани на Него

„И така, како што Го примивте Христа Исуса, Господа, така и да одете во Него: вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што сте поучени, изобилувајќи во благодарноста.“ (Колосјаните 2,6.7)

Потребно е секојдневно да се обраќаме. Нашите молитви треба да бидат посилни, поогнени; тогаш ќе бидат поуспешни. Сè посилна и посилна треба да биде нашата доверба дека Божјиот Дух ќе биде со нас, правејќи нè чисти и свети, исправени и мирисни како Ливанските кедри. (Gospel Workers, p. 272)

Мнозина добиваат пофалби за доблести кои всушност не ги поседуваат. Оној што ги испитува срцата ги мери и побудите, и често делата кои се високо пофалени од луѓето, од Него се запишуваат како поттикнати од себичност и лажно лицемерие. Секое дело во нашиот живот… е оценето од Оној Кој ги испитува срцата според побудите од коишто истото е направено. (Gospel Workers, p. 275)

Оние што се вклучени во служба за Господарот имаат потреба од искуство многу повисоко, подлабоко и пошироко од она што многумина досега го замислиле. Мнозина кои веќе се членови на Божјото големо семејство, знаат многу малку што значи да се гледа Неговата слава и да се биде преобразен од слава во слава. Мнозина имаат само бледо согледување на Христовата величественост, и нивните срца веќе треперат од радост. Тие копнеат по подлабоко, поцелосно чувство на љубовта на Спасителот…

Светиот Дух работи со оние кои се подготвени да бидат обликувани, ги обликува оние што се подготвени да бидат обликувани, ги менува оние што сакаат да бидат променети. Посветете се на култивација на духовни мисли и свети размислувања. Вие досега сте ги виделе само првите зраци на раната зора на Неговата слава. Додека продолжувате да Го запознавате Господа, ќе разберете дека „патот на праведните е како светлина на зората, која сè повеќе свети сè до полниот ден“. (Gospel Workers, p. 274)

1 Јули - Барајте Го Господа постојано
30 јуни - По плодовите ќе ги познаете
29 јуни - Плодовите на Духот
28 јуни - Преобразениот живот донесува плод
27 јуни - Преобразениот живот е чист
26 јуни - Ќе бидеме ново создание
25 јуни - Преобразувачката сила на вистината 
24 јуни - Откако ќе победите, да се одржите
23 јуни - Вкоренети и надѕидани на Него
22 јуни - Христовиот збор нека се всели во вас

Pin It on Pinterest