23 декември – Нема да има никакво проклетство

„И нема веќе да има никакво проклетство. И престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во неа, и Неговите слуги ќе Му служат.“ (Окровеие 22,3)

Големата борба е завршена. Грев и грешници нема веќе. Целата вселена е чиста. Насекаде во безмерниот универзум владеат апсолутна хармонија и радост. Од Оној кој создал сѐ тече живот, светлина и радост низ сите светови во бесконечните простори. Од најмалечкиот атом, до најголемиот свет, сѐ што е создадено, и живата и неживата природа, во својата непоматена убавина и совршена радост зборуваат дека Бог е љубов. (Големата брба, стр. 678. оригинал)

Се слуша гласот на Божјиот Син како ги повикува заспаните свети, и додека ги гледа како доаѓаат од темнината на смртта, пророкот извикнува: „Твоите мртовци ќе оживеат… Разбудете се и ликувајте вие, соборените во прав; зашто Твојата роса е роса на светлина, и земјата ќе ги даде мртовците.“

„Тогаш ќе им се отворат очите на слепите,
ушите на глувите ќе се одзатнат.
Тогаш куциот ќе скока како елен,
И јазикот на немиот ќе пее.“

Пророкот гледа како оние што го победиле гревот и гробот сега стојат среќни во присуство на својот Творец и слободно разговараат со Него, како што човекот разговарал со Бога на почетокот. (Пророци и цареви, стр. 728.729. оргинал)

Јазикот е целосно премногу слаб во обид да се опише небото. Кога сцената се подигнуваше пред мене, јас се изгубив во воодушевување. Однесена со ненадминливиот сјај и извонредната слава, јас го спуштив своето перо и воскликнав: „Ох, каква љубов! Каква прекрасна љубов!“ (Рани списи, стр. 289. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest