23 август – Христос нè измил со Својата крв

„И од Исус Христос, Кој е верен сведок. Првороден од мртвите и Господар на земните цареви. Нему, Кој нè возљуби и изми од нашите гревови преку Својата крв.“ (Откровение 1,5)

Сатаната може да ти шепне: „Ти си преголем грешник за Христос да те спаси.“ Иако признаваш дека навистина си грешен и недостоен, можеш да го пресретнеш искушувачот со извикот: „Поради помирувањето, го прифаќам Христос за мој Спасител. Не се потпирам на моите заслуги, туку на скапоцената Христова крв, која ме чисти. Во овој момент ја доверувам мојата беспомошна душа на Христа.“ (Порака до младите, стр. 112. оригинал)

На човекот му се заканувала казна што ја пропишувал прекршениот закон. Тој не можел сам да се избави и токму затоа Христос и дошол на овој свет, ја наметнал својата божествена природа со човечка и го дал својот живот праведник за неправедници. Се дал себеси за нашите гревови и затоа на секоја душа бесплатно ѝ го нуди со крв стекнатото проштавање. (Христови параболи, стр. 244.245. оригинал)

Ангелите гледаат со стравопочит и восхит на Христовата мисија во светот. Тие се восхитуваат на љубовта што Го поттикна да се даде Себеси како жртва за гревовите на луѓето. Но, колку лесно и немарно луѓето го сфаќаат она што е купено со Неговата крв! (Gospel Workers, p. 497) Кога бил принесен тој чудесен, непроценлив Дар, целото небо било силно потресено во напорот да ја сфати неизмерната Божја љубов… Треба ли ние… да се колебаме помеѓу две мислења? Треба ли да му вратиме на Бога само еден мал дел од оние способности и сили кои Тој ни Ги позајмил? Како можеме да постапуваме така, кога знаеме дека Оној Кој бил Заповедникот на целото небо ги оставил своите царски облеки и круна, и, гледајќи ја немоќта на паднатиот човек, дошол на оваа земја во човечка природа за да ни овозможи својата човечка природа да ја соединиме со Неговата Божественост? (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 29. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest