23 aприл – Обратете се кога ви упатувам укор

„Послушајте ја мојата опомена! Ете, го излевам својот дух пред вас, сакам да ве поучам со свои зборови.“ (Пословици 1,23)

Гордото срце се стреми да го заслужи спасението; но нашето право за небото и нашата подобност за него се темелат на Христовата праведност. Господ не може да стори ништо за обновата на еден човек сè додека тој, осведочен во својата сопствена слабост и ослободен од секоја помисла дека е доволен самиот себеси, не ѝ се потчини на Божјата управа. Тогаш може да го прими дарот што сака Бог да му го подари. Душата што ја чувствува својата потреба не е лишена од ништо. Таа има неограничен пристап кон Него во кого се наоѓа сета полнота. (Копнежот на вековите, стр. 300. оригинал)

„И така, кога вие, зли човечки суштества, ’умеете на своите чеда да им давате добри дарови, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети?’“ (Лука 11,13). Светиот Дух, Христовиот претставник, е најголем од сите дарови. Сите добри дарови се содржани во овој. Самиот Творец не може да ни даде ништо поголемо, ништо подобро. Ако сесрдно му се молиме на Господа да ни се смилува во нашата неволја и да нѐ води со својот Свет Дух, Тој никогаш нема да ја одбие нашата молитва. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 132. оригинал)

Зар нема, без одложување, да се поставиш во исправен однос со Бога? Зар нема да кажеш: „Ја давам мојата волја на Исус, и тоа го правам сега; од овој момент сакам да бидам целосно на страната на Господа.“ Занемари ги обичаите и силниот глас на апетитот и страстите… Со упорно држење на волјата на страната на Господа, секоја емоција ќе биде покорена на волјата на Исус. Тогаш ќе ги најдеш твоите нозе поставени на цврста карпа. Понекогаш ќе ти биде потребна секоја честичка на сила на волјата што ја поседуваш, но Бог е Тој што делува за тебе, и ќе излезеш од процесот на обликување како сад за чест. (Пораката до младите, стр. 153. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest