„Со голема радост се радувам во Господа, мојата душа воскликнува кон мојот Бог, зашто ме облече со облека на спасението, ме наметна со плаштот на праведноста, како младоженец кога ќе си стави венец или невеста кога ќе се украси со накит.“ (Исаија 61,10)
Со свадбената облека е претставен непорочниот, пречист карактер што ќе го имаат сите вистински Христови следбеници. На црквата и е дадено „да се облече во светло и чисто ленено платно“; таа е „без дамка, брчка, или нешто слично“; „а платното, тоа се праведните дела на светите“. Всушност, тоа е Христовата праведност, Неговиот неизвалкан карактер, кој со вера им се дава на сите што ќе го примат како свој Спасител… Таа облека, исткаена на небесниот разбој, нема во себе ниту една нишка на човечка заслуга… Кога ќе му се покориме на Христа, срцето се соединува со Неговото срце, волјата се слева со Неговата волја, умот станува едно со Неговиот ум, мислите му се покоруват Нему; ние живееме Негов живот. Тоа значи дека сме облечени во облеката на Неговата праведност. (Христови параболи, стр. 310-312. оригинал)
