23 март – Бог обезбедува храна

„Тогаш Господ, Бог, направи та од земјата изникна секое дрво – убаво за погледот и добро за храна – и дрвото на животот, среде градината, и дрвото за познавање на добро и зло.“ (Битие 2,9)

Бог го снабдил човекот со изобилство на средства потребни за задоволување на неговиот природен апетит. Во производите на земјата Тој дарежливо му пружа изобилство на продукти кои се пријатни по вкус, а и ги содржат сите хранливи состојки неопходни за човечкиот организам. За таквата храна нашиот добар небесен Татко уште на почетокот му рекол на човекот: „јади слободно.“ Овошјето, зеленчукот и сите видови на житарки можеме слободно да ги јадеме, не престапувајќи ги законите на своето битие. Овие продукти, подготвени на што поедноставен и што поприроден начин, претставуваат вистинска храна за телото и ја чуваат неговата природна сила – без употреба на месна храна. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 50. оригинал)

Лицaтa нaвикнaти нa тeшкa, висoкo стимулaтивнa исхрaнa, имaaт нeприрoднo сeтилo зa вкус и нe мoжaт oдeднaш дa сe прeфрлaт нa eднoстaвнa исхрaнa. Пoтрeбнo e врeмe зa вкусoт дa стaнe прирoдeн и стoмaкoт дa сe oпoрaви oд злoупoтрeбaтa штo ja пoднeсувaл. Нo oниe штo ќe истрaaт, пo нeкoe врeмe ќe oткриjaт дeкa oвaa хрaнa e сoсeмa вкуснa. Tиe ќe нaучaт дa ги врeднувaaт нejзинитe фини и приjaтни мириси и ќe ja jaдaт сo пoгoлeмo зaдoвoлствo oд штeтнитe дeликaтeси. (Здравје и среќа, стр. 298. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest