22 септември – Праведноста носи чест

„Кој се стреми кон правдата и милоста, наоѓа живот, правда и чест.“ (Пословици 21,21)

На светот денес очајно му е потребно откровение на Исуса Христа преку Неговите светии. Божја желба е Неговиот народ да стои пред светот како свет народ. (Testimonies to Ministers, p. 458)

Во животот на Јосиф, Даниел и неговите пријатели, гледаме како златниот синџир на вистината може да ја поврзе младината со Божјиот престол. Тие не можеа да бидат искушувани да отстапат од својот пат на праведност. Ја ценеа Божјата благодат повеќе од наклонетоста и пофалбите на принцовите, затоа Бог ги сакаше и штитеше. Поради нивната верна праведност, поради нивната решителност да го почитуваат Бога над секоја човечка моќ, Господ нив значително ги почести пред луѓето… Овие млади луѓе не се срамеа да ги покажат боите на своите знамиња. Дури и на царскиот двор, со своите зборови, навики и постапки, ја исповедаа својата вера во небесниот Господ Бог. Тие одбија да се поклонат пред каква била земска наредба што била насочена против Божјата чест. Имаа сила од небото да ја исповедаат својата верност кон Бога. Треба да бидете подготвени да го следите примерот на овие благородни млади луѓе. Никогаш не срамете се од боите на своите знамиња; облечете ги, развејте ги пред погледот на луѓето и ангелите. Не дозволувајте да бидете водени од лажна скромност, од лажна претпазливост која ви сугерира постапки спротивни на овој совет. Со своите избрани зборови и доследен начин на постапување, со вашата пристојност, вашата искрена побожност, направете значајно исповедање на својата вера, решени дека Христос ќе го заземе престолот во храмот на душата; и положете ги своите таленти безрезервно пред Неговите нозе за да бидат употребени во Негова служба. (Порака до младите, стр. 27.28. оригинал)

3 октомври - Божји гласници
2 октомври - Ние сме Негови соработници
1 октомври - Ве поставив вас
30 септември - Посветеноста на Елисеј
29 септември - Посветеноста на Павле
28 септември - Посветеноста на Самуил
27 септември - Посветеноста на сиромашната вдовица
26 септември - Посветеноста на Мојсеј
25 септември - Посветеноста на Македонците
24 септември - Исусовата посветеност

Pin It on Pinterest