22 октомври – Затоа одете

„Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал!“ (Матеј 28,19)

Овој евангелски налог претставува голема мисионерска повелба на Христовото царство… Учениците биле повикани на својата задача да појдат во Христово име. Секој нивни збор и постапка морале вниманието на луѓето да го насочуваат кон Христовото име како животворна сила со која грешниците единствено можат да бидат спасени. Нивната вера морала да се насочи кон Него како извор на милоста и силата. Во Негово име требало да му ги упатуваат своите молитви на Отецот за да бидат примени. Тие имале налог да крштаваат во име на Отецот, Синот и Светиот Дух. Христовото име било нивна лозинка, знак на распознавање и врска на единството со Бога, како и извор на успех во нивната работа. Во Христовото царство не смеело да се признае ништо што не го носи Неговото име и Негов натпис. Кога Христос им рекол на учениците: Одете и во мое име соберете ги сите што ќе поверуваат во една заедница, Тој јасно им ја изложил потребата од едноставност во однесувањето. Колку помалку фалеништво и растурливост, нивното влијание ќе биде поблаготворно. Учениците добиле задача да зборуваат исто онака едноставно како што зборувал и Христос. (Делата на апостолите, стр. 28.29. оригинал)

Ние не знаеме на кој начин ќе бидат повикани нашите деца да служат. Можеби животот ќе го поминат во кругот на домот, можеби ќе се посветат на вообичаените занаети или ќе станат проповедници на евангелието во незнабожечки земји, но сепак, сите се повикани да бидат Божји мисионери, проповедници на милоста во светот. Тие треба да се здобијат со воспитување, кое ќе ги оспособи да стојат покрај Христа и несебично да служат. (Пророци и цареви, стр. 245. оригинал)

1 јануари - Бог нè повикува секогаш да се радуваме
31 декември - Овие зборови се верни и вистинити
30 декември - Во сабота сите ќе Му се поклонуваат на Бога
29 декември - Диви ѕверови нема да му наштетат на никого
28 декември - Ќе уживаме во делата на нашите раце
27 декември - Ќе градиме куќи
26 декември - Човекот ќе биде обновен
25 декември - Нема да има веќе смрт
24 декември - Што подготвува Бог за оние што Го љубат
23 декември - Нема да има никакво проклетство

Pin It on Pinterest