22 јуни – Христовиот збор нека се всели во вас

„Христовото слово да живее изобилно во вас; во секоја мудрост учете се и опоменувајте се еден друг со псалми, химни, духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодат во вашите срца.“ (Колосјаните 3,16)

Верата во Исуса ќе расте додека подобро се запознаваш со својот Искупител, размислувајќи за Неговиот безгрешен живот и Неговата бесконечна љубов. Не можеш повеќе да Го обесчестиш Бога отколку ако тврдиш дека си Негов ученик, а сепак се држиш на растојание од Него и не дозволуваш Неговиот Свети Дух да те храни и одгледува.

Кога растеш во благодатта, со љубов ќе присуствуваш на верски собири и радосно ќе сведочиш за љубовта Христова пред собранието. Бог, преку својата благодат, може да го направи младиот човек разумен, и може да им даде на децата знаење и искуство. Тие можат секојдневно да растат во благодатта. Не треба да ја мериш својата вера според своите чувства.

Темелно испитај го своето срце и состојбата на своите чувства кон Бога. Прашај се: Дали драгоцените моменти од денес ги посветив на барање задоволства за себе, барајќи сопствена забава? Или направив нешто за да ги направам другите среќни? Дали им помогнав на оние што се поврзани со мене да бидат посветени на Бога и да ги ценат вечните нешта? Дали ја донесов мојата вера во мојот дом, и таму ја открив благодатта на Христос преку моите зборови и однесување? Дали ги почитував моите родители со својата послушност кон нив и на тој начин ја запазив петтата заповед? Дали со радост ги прифатив моите секојдневни мали должности, извршувајќи ги верно, правејќи сè што можам за да им ги олеснам товарите на другите? Дали ги чував моите усни од зло, и мојот јазик од измама? Дали Го прославив Христа, мојот Искупител, Кој го даде својот скапоцен живот за вечниот живот да биде достапен за мене? (Порака до младите, стр. 121.122. оригинал)

1 Јули - Барајте Го Господа постојано
30 јуни - По плодовите ќе ги познаете
29 јуни - Плодовите на Духот
28 јуни - Преобразениот живот донесува плод
27 јуни - Преобразениот живот е чист
26 јуни - Ќе бидеме ново создание
25 јуни - Преобразувачката сила на вистината 
24 јуни - Откако ќе победите, да се одржите
23 јуни - Вкоренети и надѕидани на Него
22 јуни - Христовиот збор нека се всели во вас

Pin It on Pinterest