22 декември – Сам Бог ќе биде со нив

„И чув силен глас од небото, велејќи: ‘Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив.’“ (Откровение 21,3)

На откупените ќе им стојат на располагање сите богатства за истражување. Ослободени од смртноста, тие ќе се вивнат со неуморен лет во далечните светови – светови кои, гледајќи ги човечките јадови, биле обземени од болка, а пееле од радост при радосната вест за некоја спасена душа. Со неискажлива милина земните деца ќе се запознаат со радоста и мудроста на безгрешните суштества. Тие ќе земат учество во богатството на науката и знаењето што го стекнале овие суштества во текот на вековите проучувајќи ги Божјите дела. Слободно ќе ја посматраат славата на создавањето – сонцата, ѕвездите и нивните системи, како сите по одреден ред кружат околу Божјиот престол. На сите дела, од најмалечкото до најголемото, е напишано името на Творецот и кај сите се гледа богатството на неговата сила.

Како годините на вечноста ќе поминуваат, ќе донесуваат сѐ побогати и почудесни откритија за Бога и Христа. Со зголемувањето на знаењето ќе расте и нивната љубов, нивната стравопочит и среќа. Колку повеќе луѓето ќе знаат за Бога, сѐ посилно ќе му се восхитуваат на Неговиот карактер. А кога Исус ќе го открива пред нив богатството на откупувањето и вчудовидувачките резултати од големата борба со сатаната, срцата на откупените ќе пламтат со сѐ посилна љубов. Со восхит и радост ќе ги земаат своите златни харфи и десет илјади по десет илјади и илјада илјади гласови ќе се слеат во силен хор на фалбоспев. (Големата борба, стр. 677.678. оргинал)

18 февруари - Со Неговиот возљубен Син
17 февруари - Го дал својот Син за мојот откуп
16 февруари - Бог управува со настаните
15 февруари - Ослободување од страдање и гнев
14 февруари - Послушност кон Неговата реч
13 февруари - Милост
12 февруари - Љубезност, правда и добрина
11 февруари - Непоколеблива чесност
10 февруари - Оние што ја следат вистината
9 февруари - На Бога Му е угодна молитвата на праведните

Pin It on Pinterest