22 август – Црквата не е мислење на еден човек

„Ако некој мисли дека знае нешто, тој уште не знае како треба да знае!“ (1. Коринтјаните 8,2)

Откупителот на светот ја облекол својата црква со голем авторитет и ги утврдил правилата кои треба да се применат во случај да се појават некои тешкотии меѓу нејзините членови. Откако дал упатства до кои треба да се придржува, Тој додава: „Вистина ви велам: што и да врзете на земјата, ќе биде врзано и на небото и што и да одврзете на земјата ќе биде одврзано и на небото.“ Така дури и небесниот авторитет ја потврдува дисциплината на црквата во поглед на нејзините членови кога е испочитувано библиското правило.

Божјата реч не дозволува на ниту еден човек да го спротивставува своето расудување на одлуката на црквата ниту пак упорно да останува при своето мислење наспроти мислењето на црквата. Кога во црквата не би имало дисциплина и авторитет, таа би се распаднала и би било невозможно да се одржи како единствено тело. Отсекогаш имало поединци со независно сфаќање кои тврделе дека се во право, дека токму Бог ги учи нив и со Својот Дух ги води на посебен начин. Секој таков поединец имајќи лични сфаќања и посебно мислење за себе, тврди дека токму неговите погледи се во склад со Божјата реч. Секој има поинаква теорија и вера и секој смета дека примил посебна светлина од Бога. Таквите се одвојуваат од телото на црквата и секој за себе претставува посебна црква. Сите вакви никако не можат да бидат во право, а сепак сите тврдат дека ги води Бог. Зборот на вдахновение не може да биде и да и не, туку само да и амин во Исуса Христа.

На своите поуки Спасителот додава и едно упатство со ветување: Ако двајца или тројца се обединат и во молитва ќе побараат нешто од Бога, ќе бидат услишени. Христос овде покажува дека мораме да се обединиме со другите, дури и кога за нешто ќе го замолиме. Големо значење треба да се придава на заедништвото во молитва, на единството во целта и намерите. Бог ја слуша молитвата на секој поединец, но во оваа прилика Христос дава посебни и важни поуки, посебно наменети на Неговата новоорганизирана црква на Земјата. Во она што го сакаат и за што се молат, верниците треба да бидат сложни и единствени. Таквата молитва треба да ги одразува не само мислите и желбите на поединецот, туку сесрдната желба на повеќето од нив чии мисли се сосредоточени на истите потреби. (Testimonies for the Church, vol. 3, str. 428.429)

7 јуни - Долг живот им е ветен на послушните
6 јуни - Незнабошци и туѓинци Му се покоруваат на Бога
5 јуни - Патот на послушноста е милост и вистина
4 јуни - Послушноста е неопходна за влез во Небото
3 јуни - Новораѓањето, дело на Светиот Дух
2 јуни - Повторно се раѓаме преку Божјиот збор
1 јуни - Се преобразуваме во Неговиот лик
31 мај - Бог казнува помалку отколку што заслужуваме
30 мај - Верен е Оној Кој нè повикал
29 мај - Бог Го возвисил

Pin It on Pinterest