„Никому не враќајте зло за зло! А размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе!“ (Римјаните 12,17)
Животот е борба. Додека е на земјата, христијанинот мора да се бори против непријателот. Ќе постојат провокации да го испитаат нашиот темперамент, но христијанските доблести се развиваат токму во ваквата борба. Ако кротко ги поднесуваме навредите и нападите, ако на навредливите и на нападните зборови одговараме смирено, тоа е знак дека во нашето срце престојува Христовиот Дух, дека како прачките се храниме со сокот од живата лоза. Во овој живот ние се наоѓаме во Христовата школа, во која мораме да научиме да бидеме кротки и скромни. На денот на конечната пресметка ќе ги видиме сите препреки со кои сме морале да се бориме, сите неволи и тешкотии што сме морале да ги поднесуваме и практичните поуки преку кои сме ги научиле начелата на христијанскиот живот. Ако во таквите прилики заземаме правилен став, тие во нас ќе развијат карактер сличен на Христовиот, со кој христијаните се разликуваат од останатиот свет.
Ние мораме да се издигнеме на голема морална висина, ако сакаме да бидеме Божји деца, благородни, чисти, свети и неосквернети; меѓутоа за да ја постигнеме таа висина, потребно е да поминеме преку процес на чистење. А како би дошло до тоа, кога не би имале тешкотии со кои би се бореле, да победуваме препреки, кога не би имало ништо во што би се покажала нашата трпеливост и истрајност? Овие неволји не се најмалите благослови во нашето искуство. Нивната цел е да нѐ зацрстат и да нѐ направат одлучни да успееме. Ние треба да ги искористиме како средства со кои Бог ни помага да се победиме себеси без да дозволиме тие да нѐ попречуваат, обесхрабруваат и уништат. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 344.345)
Ако чесноста е важен принцип во деловниот живот, зарем не би морале да ја признаеме и својата обврска кон Бога – обврска која е темел на сите други? (Воспитување, стр. 139. оригинал)