22 јануари – Тој е милостив

„Насити нè наутро, со Својата милост, за да се радуваме и да се веселиме во сите наши дни!“ (Псалм 90,14)

Бог е полн со сомилост и има разбирање за нашите слабости и нашите искушенија; и кога ќе Му пријдеме со скршени срца и со понизен дух, Тој го прифаќа нашето каење и ако се фатиме за Неговата сила да склучиме мир со Него, можеме навистина да се помириме со Него. О, колку треба да бидеме благодарни и радосни, знаејќи дека Бог е толку милостив! (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 239. оригинал)

Не треба да ти биде тешко да запомниш дека Господ сака да ги положиш твоите маки и недоумици пред Неговите нозе и да ги оставиш таму. Оди кај Него, велејќи: „Господи, моите товари се премногу тешки за да ги носам. Ќе ги понесеш ли за мене?“ И Тој ќе одговори: „Ќе ги земам. Со вечна милост ќе ти се смилам. Ќе ги земам твоите гревови и ќе ти дадам мир. Не ја потценувај повеќе својата вредност; зашто те купив со цената на Мојата крв. Ти си Мој. Твојата ослабена волја ќе ја зацврстам. Ќе го отстранам твоето каење за гревот.“… Одговори на повиците на Божјата милост и кажи: „Ќе Му верувам на Господа и ќе бидам утешен. Ќе Го фалам Господа, зашто Неговиот гнев се одврати. Ќе се радувам во Бога, Кој ја дава победата.“ (Testimonies to Ministers, p. 519)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest