„Биди му милостив на Сион со Својата добрина, и пак изгради ги ерусалимските ѕидови.“ (Псалм 51,18)
Господ на својата Црква ѝ дал способности и благослови за таа да може на светот да му ја прикаже сликата на Неговото совршенство и за Неговата црква да биде потполна во Него, постојано да биде претставник на еден поинаков, дури и вечен свет, како и на закони кои се повозвишени од земните закони. Неговата црква треба да биде храм изграден според божествен образец, а ангелскиот архитект донел од небото својa златна мерна прачка за секој камен да може да биде изделкан и обликуван според божествените мерки, и измазнет за да сјае како симбол на Небото, ширејќи ги во сите правци сјајните и јасни зраци на Сонцето на правдата. (Testimonies to Ministers, p. 17)
Со Духот на вистината, кој дејствува преку Божјата реч, Христос го задобива својот избран народ. Опишувајќи им ја на своите ученици службата на Светиот Дух, Исус сакал да ги вдахне со радоста и со надежта што го вдахнувале и Неговото срце. Се радувал за таа обилна помош што ѝ ја обезбедил на својата Црква. (Копнежот на вековите, стр. 671. оригинал)
Се радувал на сознанието дека за своите следбеници ќе може да стори и повеќе отколку што им ветил, и што од Него ќе се излева љубов и сомилост кои го чистат храмот на душата и им помагаат на луѓето да станат слични со Него во карактерот. Се радувал што Неговата вистина, вооружена со силата на Духот, ќе излезе „победувајќи и да победи“. (Делата на апостолите, стр. 23. оригинал)
