22 март – Поднесување на животните товари

„Ти ќе го уживаш плодот на твоите раце, блажен ќе си, и ќе ти биде добро.“ (Псалм 128,2)

Исус живеел во селски дом и верно и радосно го носел својот дел од товарот во домаќинството… Учел занает и работел со свои раце со Јосифа во дрводелска работилница. Во припроста облека на обичен работник поминувал низ улиците на малечкото место, одејќи и враќајќи се од својата скромна работа. Тој не ја употребил својата божествена моќ да го намали товарот или да си ја олесни својата макотрпна работа.

Исусовиот ум и тело биле развиени бидејќи работел во детството и во младоста. Своите телесни сили не ги трошел лекомислено, туку го чувал здравјето за да може да изврши колку што е можно подобра работа. Дури ни во ракувањето со алатот не сакал да биде несмасен. Бил совршен како работник, како што бил совршен во карактерот. Со својот личен пример покажувал дека сме должни да бидеме трудољубиви, дека нашата работа мора да биде извршена правилно и темелно и дека таквата работа е достојна за почит. Вежбата што ги учи рацете да бидат корисни и ги воспитува младите да го носат својот дел од животниот товар, дава телесна сила и развива секоја способност. Сите треба да работат нешто што ќе биде благотворно за нив и помош за другите. Бог работата ја одредил како благослов, и само вредниот работник ужива чест и радост во животот. (Копнежот на вековите, стр. 72. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest