21 септември – Неговото име е мое засолниште

„Господовото име е цврста кула: праведникот прибегнува кон него и наоѓа засолниште.“ (Пословици 18,10)

Градовите за прибежиште што ги одредил Бог за својот народ во старо време претставуваат симбол на прибежиштето што го наоѓаме ние во Христа. Истиот милозлив Спасител, кој во тоа време ги одредил овие градови како привремено засолниште, со пролевањето на својата сопствена крв за престапниците на Божјиот закон, обезбедил сигурно прибежиште во кое тие можат да најдат заштита од втората смрт. Не постои сила која од Неговите раце ќе ја истргне душата што ќе му се обрати нему за проштавање. (Патријарси и пророци, стр. 516. оригинал)

Сатаната се труди да нѐ наведе во искушение, за да го открие злото на нашиот карактер пред луѓето и ангелите, и со тоа да тврди дека сме негова сопственост… Сатаната нѐ наведува на грев, а потоа целата вселена нѐ обвинува дека не сме достојни за Божјата љубов…

Бог во својата голема љубов копнее во нас да ги развие драгоцените доблести на својот Дух. Тој дозволува да се соочиме со пречки, прогонства и тешкотии, но тоа не е проклетство, туку најголем благослов во животот. Секое совладано искушение, секоја неволја што храбро ќе ја пребродиме, ни дава ново искуство и го унапредува нашето дело во изградба на карактерот. Душата која благодарение на божествената сила му се спротивставува на искушението, пред светот и пред целата вселена ја открива делотворноста на Христовата милост…

Единствена заштита против злото е Христос да живее во срцето преку верата во Неговата правда. Искушението има моќ над нас токму затоа што себичноста сѐ уште постои во нашето срце. Но, кога ќе ја согледаме големата Божја љубов, себичноста ни изгледа толку одвратна и омразена, така што во нас се јавува желба да ја исфрлиме од својата душа. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 116-118. оригинал)

1 јануари - Бог нè повикува секогаш да се радуваме
31 декември - Овие зборови се верни и вистинити
30 декември - Во сабота сите ќе Му се поклонуваат на Бога
29 декември - Диви ѕверови нема да му наштетат на никого
28 декември - Ќе уживаме во делата на нашите раце
27 декември - Ќе градиме куќи
26 декември - Човекот ќе биде обновен
25 декември - Нема да има веќе смрт
24 декември - Што подготвува Бог за оние што Го љубат
23 декември - Нема да има никакво проклетство

Pin It on Pinterest