21 октомври – Христос дојде да ги повика грешниците

„А Исус, кога го чу тоа, им рече: „Не им треба лекар на здравите, туку на болните. Не дојдов да ги викам праведните – туку грешниците на покајание.“ (Марко 2,17)

Оној кој дошол од Небото да биде наш пример поминал речиси триесет години од својот живот занимавајќи се со обична, занаетчиска работа; но, за тоа време ги проучувал Божјата Реч и Божјите дела; и им помагал и ги подучувал сите до кои можело да допре Неговото влијание. Кога ја отпочнал својата јавна служба, тргнал да лекува болни, да утешува ужалени и да им го проповеда Евангелието на сиромасите. Тоа е делото на сите Негови следбеници… Кога срцето е трогнато од Неговата љубов, во него се јавува желба да работи за Него. Оваа желба треба да се охрабрува и правилно да се насочува. Присуството на сиромасите, ужалените, неуките или несреќните не треба да се смета за пречка ниту во домот, ниту во соседството или училиштето, туку за скапоцена можност за служба.

Во таа работа, како и во секоја друга, умешност се стекнува при практичното работење. Преку увежбување во обичните животни должности и преку служење на неволните и страдните умешноста се зголемува. Без тоа и најдобронамерните напори често пати се бесполезни па дури и штетни. Токму во водата, а не на суво, луѓето се учат да пливаат. (Воспитување, стр. 267.268. оригинал)

Христовата работа во голема мера се состоела од лични средби. Тој и обрнувал искрено внимание и на една единствена душа. Таа душа подоцна им го пренесувала на илјадници други знаењето кое ќе го примела. (Порака до младите, стр. 203. оригинал)

Бог ги зема луѓето такви какви што се, и ако му се потчинат, ги воспитува за својата служба… Постојаното посветување воспоставува толку близок однос меѓу Христа и Неговите ученици, што христијанинот станува сличен со Него во умот и карактерот. Преку врската со Христа тој ќе се здобие со појасни и пошироки погледи. (Копнежот на вековите, стр. 251. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest