21 ноември – Големо е Божјото откупување

„Израел нека го чека Господа зашто милоста е во Господа и изобилно е во Него искупувањето.“ (Псалм 130,7)

Сѐ до мигот на човековиот бунт против Божјото владеење, човекот слободно и непречено одржувал врска со Бога. Но гревот на Адама и Ева ја одделил земјата од небото, така што човекот не можел веќе да разговара со својот Творец. Сепак, светот не е оставен во осаменост и безнадежност… Ангелите, чијашто задача е да бидат чувари и заштитници, не би можеле да одржуваат никаква врска со паднатите луѓе. Христос е таа алка која човекот во неговата слабост и беспомошност го поврзува со изворот на бесконечната сила. (Патријарси и пророци, стр. 184. оригинал)

Во времето на патријарсите, жртвите што биле принесувани за време на богослужението претставувале постојан потсетник за доаѓањето на Спасителот; а тоа важи и за сите обреди што биле изведувани во светилиштето во текот на целата историја на Израел. Преку службата во шаторот за состанок, а подоцна и во храмот подигнат наместо шаторот, на народот на симболичен начин му била прикажана големата вистина за доаѓањето на Христос како Откупител, Свештеник и Цар. Еднаш годишно тие ги насочувале нивните мисли кон завршните настани во големата борба меѓу Христа и сатаната, и на конечното очистување на вселената од гревот и грешниците. (Пророци и цареви, стр. 684.685. оригинал)

Месија морал да биде скриен во Бога, а Бог да се открие во карактерот на својот Син. Без познавањето на Бога, човештвото би било засекогаш изгубено. Луѓето без божествената помош би тонеле сѐ подлабоко и подлабоко. Сила и живот морал да даде Оној што го создал светот. Не постоел друг начин да се спаси човекот. (Пророци и цареви, стр. 693. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest