21 јуни – Нема да се плашам

„Господ ми е светлина и спасение, од кого да се плашам? Господ е штит на мојот живот, пред кого да треперам?“ (Псалм 27,1)

Оние што на крајот ќе излезат победници ќе имаат периоди на ужасна збунетост и искушенија во нивниот духовен живот; но не смеат да ја отфрлат својата доверба, зашто тоа е дел од нивната дисциплина во Христовото училиште, и е неопходно за да биде исчистен целиот троскот. Божјиот слуга мора храбро да ги поднесе нападите на непријателот, неговите дрски потсмевања, и да ги надмине пречките кои Сатана ќе ги постави на неговиот пат.

Сатана ќе се обиде да ги обесхрабри Христовите следбеници, за да не се молат и да не ги проучуваат Писмата; и ќе ја фрли својата одвратна сенка врз нивниот пат за да го сокрие Исуса од нивниот поглед, за да ја затвори визијата за Неговата љубов и за славата на небесното наследство. Нему му е задоволство да предизвика Божјите чеда да одат плашливо, треперливо и со болка, под постојани сомнежи. Тој се обидува да го направи патот колку што е можно потажен; но ако постојано гледате нагоре, а не надолу кон вашите тешкотии, нема да се обесхрабрите на патот – наскоро ќе го видите Исус како ја подава својата рака за да ви помогне, и вие ќе треба само со едноставна доверба да Му ја подадете својата рака и да Му дозволите да ве води…

Исус е светлината на светот, и вие треба да го обликувате својот живот според Него. Ќе најдете помош во Христа за да изградите силен, избалансиран и прекрасен карактер. Сатана не може да ја уништи светлината што зрачи од таков карактер. Господ има задача за секого од нас. Тој не предвидел да се одржуваме од влијанието на човечките пофалби и ласкања; Тој сака секоја душа да стои во Господовата сила. (Порака до младите, стр. 63. оригинал)

. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest