21 август – Неговата крв е пролеана за мнозина

„Зашто ова е Мојата крв на Заветот, која се пролева за мнозина, за проштавање на гревовите.“ (Матеј 26,28)

Божји деца – какво драгоцено ветување! Колку е потполно и сеопфатно страдањето кое Спасителот го поднел за нашата вина! Во својата непроменилива љубов, Откупителот сè уште се повикува на својата света крв пролеана поради грешникот. Со ранети раце и нозе и прободена страна Тој сè уште се залага за паднатиот човек, чие откупување го платил со толку неизмерна цена. О, неспоредливо и несфатливо спуштање до човекот! Ниту времето ниту настаните не можат да ја намалат ефикасноста на Христовата жртва и Неговото страдање за човекот. Како што пријатниот мирис на темјанот и Ароновото попрскување со крв над престолот на милоста, небото ги прифатило како симболи за очистување за старозаветниот Израел, така заслугите на закланото Божје Јагне Тој денес ги прима како средство за вистинско чистење од секоја нечистотија од гревот. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 124. оригинал)

Додека го примаме лебот и виното што го претставуваат Христовото скршено тело и Неговата пролеана крв, во мислите ѝ се придружуваме на сцената на Светата вечера во Горната соба. Ни се чини дека поминуваме низ градината посветена на претсмртните маки на Оној што ги понел гревовите на светот. Стануваме очевидци на борбата што ни донела измирување со Бога. Меѓу нас се издигнува распнатиот Христос.

Гледајќи го распнатиот Откупител, подобро ја сфаќаме големината и значењето на жртвата што ја поднело небесното Величество за нас. Пред нас се прославува планот на спасението, а помислата на Голгота во нашето срце буди живи и свети чувства. Во нашето срце и на нашите усни се појавува благодарност кон Бога и Јагнето; во душата што живо си спомнува за сцените од Голгота не може да вирее горделивост и себичност. (Копнежот на вековите, стр. 661. оригинал)

22 август - Со вера нашите гревови се очистуваат
21 август - Неговата крв е пролеана за мнозина
20 август - Откупени сме со Неговата крв
19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости

Pin It on Pinterest