21 јануари – Тој направи големи дела за мене

„Господ ни направи големи дела: пак сме радосни!“ (Псалм 126,3)

„Затоа излезете од кај нив и одвојте се, кажува Господ… и Јас ќе ве примам, и ќе ви бидам Татко, а вие ќе бидете Мои синови и ќерки, зборува Господ Седржителот.“… О, каква роднинска врска! Таа е повозвишена и посвета од секоја земна врска… Бог ве прима во своето семејство, вие станувате членови на царскиот дом, синови и ќерки на Царот што владее на небото и со бескрајната вселена. Можете ли да посакате повозвишена положба од оваа што е ветена? Зар тоа не е доволно? „Можеше ли“, според зборовите на ангелот, „Бог да направи нешто повеќе за синовите човечки од она што веќе го направи? Ако таквата љубов и толку возвишените ветувања не се ценат, зар Тој би можел да пронајде нешто повеќе, побогато и повозвишено? Сето она што Бог можел да го направи за спасението на човекот, е направено. (Сведоштва за црквата, вол.1, стр. 510.511 оригинал)

Господ сака ние да го цениме големиот план на откупувањето, да сфатиме колку високи предимства уживаме како Божји деца и да одиме пред Него послушни и благодарни… Тој копнее да види како нашите срца се полнат со благодарност затоа што нашите имиња се запишани во животната книга на Јагнето, затоа што сите наши грижи можеме да ги префрлиме на Оној кој се грижи за нас. Тој нѐ повикува да се радуваме затоа што сме Господово наследство, затоа што Христовата праведност, понудена на Неговите свети, станала наша бела облека, затоа што имаме благословена надеж во скорашното доаѓање на нашиот Спасител. (Христви параболи, стр. 299. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest