20 септември – Тој дава нова песна

„Во мојата уста стави нова песна, фалба на нашиот Бог. Мнозина ќе видат и ќе се исплашат: и ќе се надеваат на Господа.“ (Псалм 40,3)

Кога Божјиот Дух ќе владее со разумот и со срцето, тогаш обратената душа своите доживувања ги преточува во нова песна, зашто сфаќа дека во нејзиното животно искуство се исполнило Божјето ветување, дека престапите ѝ се простени и гревот покриен. Таа душа пред Бога искрено се кае за престапот на Божјиот закон и со вера го прифаќа Христа кој умрел за да го оправда човекот. (Делата на апостолите, стр. 476. оригинал)

Имајќи го во предвид сето ова што е пред нас: нашата величествена надеж, откупувањето, коешто Христос заради нас го плати со својата сопствена крв треба ли да молчиме? Зарем не би требало да го славиме Бога на цел глас исто како и учениците кога Исус влегувал во Ерусалим? Не се ли нашите изгледи далеку повеличествени отколку нивните во тоа време. Според тоа, кој смее да ни забрани да го возвишуваме и да го фалиме Бога, дури и на цел глас, кога имаме таква прекрасна надеж и величествена и славна бесмртност? Ние сме ја вкусиле силата од оној свет и уште повеќе копнееме по неа. (Рани списи, стр. 110. оригинал)

Кога прават добри дела, христовите следбеници не треба да се слават самите себе, туку Оној со чија милост и сила тоа го направиле. Секое добро дело е последица на влијанието на Светиот Дух, а Духот е даден да го прослави Дародавецот, а не примателот. Кога Христовата светлина ја осветлува душата, од усните се излеваат зборови кои му оддаваат слава и благодарност на Бога. Вашите молитви, вашето исполнување на должностите, добродетелството и самооткажувањето тогаш нема да бидат предмет на вашите мисли или разговори. Исус ќе биде воздигнуван, нашето „јас“ ќе го снема, а Христос ќе биде над сѐ. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 80.81. оригинал)

3 октомври - Божји гласници
2 октомври - Ние сме Негови соработници
1 октомври - Ве поставив вас
30 септември - Посветеноста на Елисеј
29 септември - Посветеноста на Павле
28 септември - Посветеноста на Самуил
27 септември - Посветеноста на сиромашната вдовица
26 септември - Посветеноста на Мојсеј
25 септември - Посветеноста на Македонците
24 септември - Исусовата посветеност

Pin It on Pinterest