20 октомври – Ќе оправда мнозина

„Заради страдањата на Својата душа ќе види светлина и ќе се насити со нејзиното сознавање. Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина и нивната вина ќе ја земе на Себе.“ (Исаија 53,11)

Вистинската светост подразбира целосна преданост во службата на Бога. Тоа е услов за вистинско христијанско живеење. Христос бара неограничено посветување, лична служба. Тој го бара срцето, умот, душата, силата. Не смее да се негува себичност. Оној што живее за себе, не е христијанин. Љубовта мора да биде начело на нашето дејствување. Таа е темелно начело на Божјото владеење на небото и на земјата, а мора да стане темел и на христијанскиот карактер. Само љубовта може христијанинот да го одржи непоколеблив. Единствено таа може да го оспособи да им се спротивстави на неволјите и искушенијата.

Љубовта се покажува низ жртва. Планот за откуп бил заснован на жртва – на жртва толку широка, длабока и висока, немерлива. Христос дал сѐ за нас и сите што го прифаќаат Него ќе бидат подготвени да жртвуваат сѐ за својот Откупител. Неговата слава и чест тие ќе ја стават на прво место. Ако го сакаме Исуса, ние ќе копнееме да живееме за Него, да му принесуваме жртви благодарници и да работиме за Него. (Христови параболи, стр. 48.49. оригинал)

Откупителот нема да прифати поделена служба. Секојдневно, Божјиот работник мора да го учи значењето на самопредавањето. Тој мора да ја проучува Божјата Реч, да го учи нејзиното значење и да ги слуша нејзините начела. Така, тој може да го достигне стандардот на христијанско совршенство. Бог работи со него ден за ден, усовршувајќи го карактерот што ќе опстои во времето на конечниот тест. И ден за ден, верникот пред луѓето и ангелите покажува што може евангелието да направи за паднатите човечки суштества. (Gospel Workers, p. 113)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest