20 ноември – Тој ги привлекува сите луѓе со својата смрт

„Јас – кога ќе бидам издигнат од земјата – ќе ги привлечам сите кон Себе.“ (Јован 12,32)

Со големиот план на спасението светот ќе биде вратен во својата првобитна состојба. Сѐ што било загубено со гревот, со Божјата милост повторно ќе биде вратено. Искупен е не само човекот, туку и целата земја да биде вечна татковина на послушните. Сатаната шест илјади години со сите сили се бори земјата да ја задржи под своја власт. Сепак, првобитната Божја цел, она заради што земјата и е создадена, конечно ќе се оствари. Потоа „светите на Севишниот ќе го преземат царството и ќе владеат со него во век и векови.“ (Патријарси и пророци, стр. 342. оригинал)

Вистинска цел на воспитувањето е во човековата душа да се обнови Божјиот лик. Во почетокот Бог го создал човекот според својот лик. Го надарил со благородни особини. Разумот му бил урамнотежен и сите сили на неговото суштество биле хармонично развиени. Но, паѓањето во грев и последиците на гревот ги изопачиле тие дарови… Човекот повторно да се врати на оној степен на совршенство на кој се наоѓал при создавањето, тоа е големата цел на животот, цел што се наоѓа во основата на сите други цели. Должност на родителите и учителите е во воспитувањето на младите да соработуваат со Бога исполнувајќи ги Неговите намери; ако постапуваат така, тогаш тие се „помошници на Бога.“ (Патријарси и пророци, стр. 595. оригинал)

За темата на откупувањето е потребно најсеопфатно проучување, а нејзините длабочини никогаш нема целосно да бидат истражени. Не плашете се дека ќе ја исцрпите оваа прекрасна тема. Одете сами на изворот за да се исполните со освежување. Пијте длабоко од изворот на спасението, за Исус да биде во вас извор со вода што блика во вечен живот. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 528)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest