20 јуни – Верност во малите нешта

„Кој е верен во најмалото – верен е и во многу; а несправедливиот во најмалото, несправедлив е и во многу.“ (Лука 16,10)

Како што човекот „мисли во своето срце, таков е и тој.“ Многу мисли ја сочинуваат незапишаната историја на еден единствен ден; и овие мисли имаат големо влијание врз оформувањето на карактерот. Нашите мисли треба строго да се чуваат; зашто една нечиста мисла остава длабока трага во душата. Злобната мисла остава зло влијание врз умот. Човекот е во толку подобар колку што се почисти и посвети неговите мисли. Преку нив се забрзува духовниот пулс, и се зголемува силата за вршење добро. И како што една капка дожд го навлажнува тлото и го подготвува патот за следната, така и една добра мисла го подготвува патот за друга.

Најдолгото патување се врши со одење чекор по чекор. Низ последователни чекори се стигнува до крајот на патот. Најдолгиот синџир е составен од поединечни алки. Ако една од тие алки е слаба, целиот синџир е безвреден. Така е и со карактерот. Добро избалансиран карактер се оформува преку добро извршени поединечни дела. Еден недостаток, ако се негува наместо да се надмине, го прави човекот несовршен и му ги затвора вратите на Светиот Град. Оној што ќе влезе во небото мора да има карактер без дамка или брчка, или било што слично. Ништо што е осквернето нема да влезе таму. Во целото откупено множество нема да се најде ниту еден недостаток.

Божјото дело е совршено како целина затоа што е совршено во секој дел, без разлика колку е мал. Тој ја оформува малечката тревка со иста грижа како кога би создавал свет. Ако сакаме да бидеме совршени… мора да бидеме верни во извршувањето на малите нешта. (Порака до младите, стр. 144. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest