20 декември – Тој им приготвил град

„Но сега, копнеат по подобра, односно по небесната. Затоа Бог не се срами од нив, да се нарече нивни Бог, зашто им приготвил град.“ (Евреите 11,16)

Откако судот на мртвите зли заврши, на крајот на илјадата години, Исус го напушти градот и светиите со придружба на ангелска војска го следеше Него. Исус се спушти на голема планина, која што кога Неговите стапала се допреа до неа, се распадна и стана голема рамнина.

Тогаш ние погледнавме нагоре и го видовме големиот и прекрасен град, со дванаесет темели и дванаесет порти, три на секоја страна и по еден ангел при секоја порта. Ние извикавме: Градот! Големиот град! Доаѓа од Бога од небото! И тој се спушти во сета своја голема величественост и блескава слава и се намести на големата рамнина која што Исус ја подготви за него. (Рани списи, стр. 291. оригинал)

Додека ги гледа спасените во Божјиот град, слободни од гревот без никаква трага на проклетство, пророкот восхитено извикнува: „Радувајте се со Ерусалим и веселете се со него сите што го љубите; радувајте се со него!“

„Нема повеќе да се слуша насилство во твојата земја,
Ниту пустошење и уривање на твоите меѓи;
Туку ќе ги наречеш ѕидовите твои Спасение,
И вратата своја Пофалба“…

Пророкот слушал таква милозвучна музика и песни какви, освен во Божјите виденија, смртно уво не чуло ниту човечки ум ги замислил… „Тие ќе го подигнат гласот свој и ќе пеат, заради величественоста Господова“ (Пророци и цареви, стр. 729.730. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest