20 август – Откупени сме со Неговата крв

„Во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат.“ (Ефесјаните 1,7)

Ние преку гревот сме западнале во неприродна состојба и силата што ќе нè врати мора да биде натприродна, инаку ќе нема никаква вредност. Постои само една сила која може да ја скрши моќта на злото во човечкото срце, а тоа е Божјата сила низ Исуса Христа. Само со крвта на Распнатиот можеме да се очистиме од гревот. Единствено Неговата благодат може да нè оспособи да се спротивставиме на склоностите на нашата падната природа и да ги покориме. Спиритистичките теории за Бога ја отфрлаат оваа сила на делување. Ако Бог е суштество што проникнува во целата природа, тогаш Тој е во сите луѓе; и за да постигне светост, човекот не треба да направи ништо друго, туку само да ја развива силата што е во него. (Сведоштва за црквата, вол 8. стр. 291. оригинал)

И вие можете да ја стекнете наградата на победникот и да стоите пред Христовиот престол со песна на благодарност во денот кога Тој ќе ги повика своите светии; но облеките на својот карактер морате да ги исперете во крвта на Јагнето и морате да се покриете со милосрдие како со плашт, за да се најдете без дамка и без мана. Јован вели: „Потоа видов, и ете мноштво народ кое никој не може да го изброи, од сите јазици и колена и народи и племиња; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бела облека и со палмови гранчиња во рацете. И воскликнаа со силен глас, велејќи: ‘За спасението наше слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот и на Јагнето.’“ „Тоа се оние што дојдоа од големи маки; тие ги испраа облеките свои и ги избелија со крвта на Јагнето… и нема веќе да огладнат, ниту пак да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето и никаква горештина“ (Откровение 7,14.16). (Сведоштва за црквата, вол 4. стр. 125. оригинал)

22 август - Со вера нашите гревови се очистуваат
21 август - Неговата крв е пролеана за мнозина
20 август - Откупени сме со Неговата крв
19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости

Pin It on Pinterest