„Труди се грижливо, за да се покажеш себеси достоен пред Бога како работник, кој не треба да се срамува, кој правилно го проповеда словото на вистината!“ (2. Тимотеј 2,15)
Младите, особено, треба да чувствуваат потреба да го обучуваат својот ум и да ја користат секоја прилика за да стекнат умни способности, за да можат да Му служат на Оној кој го дал својот скапоцен живот за нив. Нека никој не направи грешка мислејќи дека е толку образован што повеќе нема потреба да учи од книгите или од природата.
Нека секој ја искористи секоја прилика што по Божја промисла му е дадена, за да стекне сѐ што е можно – било преку откровение или науката. Треба да научиме правилно да ги цениме способностите што Бог ни ги дал. Ако некој млад човек мора да започне од најниското скалило на скалата, не треба да се обесхрабри, туку да биде решен да се искачува скалило по скалило сѐ додека не го чуе гласот на Христос како вели: „Дете, дојди повисоко. Добро сторено, добар и верен слуго; бидејќи беше верен во малите нешта, ќе те поставам над многу; влези во радоста на својот Господ.“
Млади момчиња и девојки, дали вие, како поединци откупени со бесконечна цена, сте се стремеле да учите за да се покажете одобрени пред Бога, како работници што не треба да се срамат? Дали сте му го донеле на Бога скапоцениот талент на вашиот глас, и дали сте вложиле труд да зборувате јасно, разбирливо и со леснотија? Господ, кој го создаде човекот совршен на почетокот, ќе ви помогне да ги развиете вашите физички и ментални способности, и ќе ве подготви да носите товар и одговорности во Божјото дело. (Fundamentals of Christian Education, p. 213-215)
Животот не ни е даден за да го поминеме во мрзливост или во угодување на самите себе, туку пред секого што ќе ги развива своите од Бога дадени способности се поставени големи можности. (Fundamentals of Christian Education, p. 416)