20 јануари – Господ е моја сила

„Господ ми е сила, Тој е мој штит; моето срце се надеваше на Него и Тој ми помогна; затоа ми се весели срцето и со песни ќе Го славам.“ (Псалм 28,7)

Бог посебно им е наклонет на најслабите меѓу своите деца. Ниту една свирепа постапка во угнетувањето на слабите и незаштитените не останува на небото незабележана. Божјата рака се подава како штит над сите што го љубат и се бојат од Него. (Патријарси и пророци, стр. 300. оригинал)

Поради сѐ поголемата моќ на сатанските искушенија, времето во кое живееме е полно со опасност за Божјите деца, и ние треба постојано да се учиме од Големиот Учител, за да можеме секој чекор да го правиме со сигурност и праведност. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 322)

Оние што понизно одат пред Бога, недоверливи во сопствената мудрост, ќе ја сфатат својата опасност и ќе ја спознаат Божјата заштитничка грижа. (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 324)

Големиот Бог, чија слава го осветлува небото и Кој со својата семоќна рака одржува милиони светови, е и наш Татко. Ние треба да Го љубиме, со вера да се потпираме на Него со таква доверба како малите деца на своите родители; и Тој ќе нè прегрне како свои синови и ќерки и ќе нè направи наследници на неискажаната слава на вечниот живот. Тој ги учи сите кртоки и понизни на вистината, „ги учи кротките да одат по Неговиот пат.“ Ако во послушност продолжиме да ја твориме Неговата волја, учејќи ги со задоволство и трудољубивост поуките кои ни ги дава во своето провидение, наскоро ќе го слушнеме Неговиот глас: Деца, дојдете дома во небесните живеалишта кои Јас ги подготвив за вас. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 653)

10 март - Природата е создадена да ми донесе радост
9 март - Радувајте се со целата природа
8 март - Неговата мудрост носи задоволство
7 Март - Бог е мој извор на мудроста
6 Март - Бог ја услишува мојата молитва
5 март - Очистени со Неговата крв
4 март - Емануел, „Бог со нас“, дошол
3 март - Надевајте се во Господа
2 март - Радујте се на дарот на животот
1 март - Радоста е Божји дар

Pin It on Pinterest