2 октомври – Правилно разбирање на небесното Светилиште

„А Христос откако се појави како Првосвештеник на идните добра и влезе низ поголем и посовршен Шатор, што не е направен со рака, односно која не е од оваа создавање.“ (Евреите 9,11)

Правилното разбирање на службата во небесното Светилиште е темелот на нашата вера. (Евангелизам, стр. 221. оригинал)

Како што е кажано, земната светиња ја направил Мојсеј според мострата што му била покажана на гората. Светињата морала да остане како „сликовит доказ за сегашно време според кој се принесуваат дарови и жртви“. Двете свети одделенија биле „копија на небесните“, а нашиот голем Првосвештеник, Христос, „е служител на светињата и на вистинскиот шатор што го направи Господ, а не човек“ (Евреите 9,9.23; 8,2). Кога на апостол Јован му било дозволено во видение да го разгледа Божјиот храм на небото, забележал како „од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, и пред престолот гореа седум огнени светилки”. (Откровение 4,5)… Тогаш на пророкот му било дозволено да го разгледа првото одделение на светињата на небото, и таму видел „седум огнени светилки“ и „златен олтар“, што во земната светиња биле претставени со седумкракиот златен свеќник и со кадилниот олтар. Потоа „се отвори Божјата црква на небото“ (Откровение 11,19), и тој погледнал зад внатрешната завеса во светињата над светињите. Тука го видел „ковчегот на неговиот завет“ (Откровение 11,19), претставен со светиот ковчег што бил направен според Мојсеева наредба со цел во него да се чува Божјиот закон.…

Јован кажува дека светињата ја видел на небото. Таа светиња, во која Исус посредува за нас, претставува голем оригинал според кој е изградена светињата во времето на Мојсеја како копија.

Никаква земна градба не може да ја претставува големината и славата на небесниот храм во кој живее Царот над царевите и каде што „илјадници илјади“ му служат нему, „и десет илјади по десет илјади“ стојат „пред него“ (Даниел 7,10) оној храм кој е исполнет со славата на вечниот престол, каде што серафимите, свети засолнувачи на Неговата слава, со најголема стравопочит ги покриваат своите лица. Сепак, со помош на земната светиња и на нејзиното богослужение можат да се научат важни вистини за небесната светиња и за големото дело што се врши таму за откуп на човекот.

По своето вознесување, Спасителот требало да ја почне својата првосвештеничка служба за нас. Павле кажува: „Имено, Христос не влезе во светиња над светињите направена со (човечка) рака, која е само слика на вистинската, туку во самото небо да посредува за нас пред Божјото лице“ (Евреите 9,24) (Патријарси и пророци, стр. 356.357. оригинал)

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest