2 ноември – Мојот откуп е платен

„Зашто Јас Сум Господ, твојот Бог, Израелев Светец, твој Спасител. Го давам Египет за твоја откупнина, ги давам Етиопија и Сева место тебе.“ (Исаија 43,3)

Ние можеме да се радуваме во надежта. Нашиот Застапник е во небесното светилиште каде што се застапува за нас. Со Неговата заслуга имаме проштевање и мир. Тој умрел за да нѐ испере од гревовите, нѐ облече во праведност и да нѐ подготви за небото, каде што засекогаш ќе престојуваме во светлина… Вие не можете сами да се спасите од силата на искушувачот, но тој ќе затрепери и ќе побегне доколку се потпрете на заслугите на оваа драгоцена крв. Зар нема со благодарност да ја прифатите чашата на спасението што Тој ви ја нуди и да го повикате Господовото име?… Немојте ниту за еден момент да го жалостите срцето на својот милостив Спасител со својата недоверба. Тој со најголемо внимание набљудува како напредувате на небесната патека, ги гледа вашите сериозни напори, го забележува вашиот пад и повторното подигање, вашите надежи и стравувања, вашите борби и вашите победи. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 316.317. оригинал)

Спасителот копнее да ја открие својата милост кон светот и да го проникне со својот карактер. Тој е негова откупена сопственост и сака луѓето да ги направи слободни, чисти и свети. Иако сатаната настојува да ја спречи оваа намера, сепак, со крвта пролеана за светот ќе се извојуваат многу победи што ќе му донесат слава на Бога и на Јагнето. (Конежот на вековите, стр. 827. оригинал)

За да го привлече човекот кон себе и да му обезбеди вечен живот, Христос ги напуштил своите царски дворови и се симнал на Земјата, ја поднел агонијата на гревот и срамот наместо човекот и умрел за да го ослободи. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 614. оригинал)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest