2 декември – Божјата љубов е неизмерна како небесата

„Господ зборува вака: ‘Ако можат да се измерат небесата горе, и да се истражат основите на земјата долу, тогаш и Јас ќе го отфрлам Израелевото потомство заради сè што направија – говори Господ.’“ (Еремија 31,37)

Виножитото што го премостува небото со својот светлосен лак е спомен за „вечниот завет меѓу Бога и секоја жива душа“ (Битие 9,16). А и виножитото што го опкружува престолот на височината, за Божјите деца претставува знак на Неговиот завет на мирот. Како што лакот во облаците настанува со соединување на сончевата светпина и дождот, така и лакот над Божјиот престол претставува соединување на Неговата милост и Неговата праведност. (Воспитување, стр. 115. оригинал)

Меѓутоа, Божјата сила сѐ уште работи на одржувањето на она што е создадено. Пулсот не чука, ниту дишењето продолжува затоа што механизмот, еднаш ставен во движење, продолжил да работи со своја сопствена природна енергија. Секое вдишување, секој удар на срцето, е доказ за грижата на Оној во кого живееме, се движиме и постоиме. Од најмалиот инсект до човекот, секое живо суштество секојдневно зависи од Неговото провидение… Моќната сила која дејствува во целата природа и одржува сѐ, не е, како што сметаат некои научници, само некој сеопфатен принцип, некоја движечка енергија. Бог е дух; а сепак, Тој е личност, суштество; зашто човекот е создаден според Неговиот лик… Тој дошол на свет како личност, како Спасител. Како личност, како Спасител се вознел во височините; како личност, како Спасител, посредува во небесните дворови. Пред Божјиот престол служи за нас „како Син човечки“. (Воспитување, стр. 131.132. оригинал)

Единствено љубовта што тече од Христовото срце може да исцели. Единствено оној во кого тече оваа љубов, како сок во дрвото или крв во телото, може да ја „поправи“ ранетата душа. (Воспитување, стр. 113.114. оригинал)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest