„И така, ако принесуваш свој дар на олтарот и си спомниш таму дека брат ти има нешто против тебе, остави го таму својот дар пред олтарот, и оди првин помири се со брата си, па тогаш дојди и принеси го својот дар.“ (Матеј 5,23.24)
Има исповеди кои Бог ни заповедал да ги правиме едни на други. Ако сте го нажалиле својот брат со збор или со дело, морате прво да се помирите со него за небото да може да ја прифати вашата служба. Исповедајте им се на оние што сте ги навредиле и надоместете ја штетата за вашето каење да донесе род. Ако некој чувствува огорченост, лутина или злоба кон некој брат, лично нека оди кај него, нека го признае својот грев и нека моли за проштевање.
Oд начинот на кој постапувал Христос со грешниците треба да извлечеме корисни поуки кои можат да се применат и на исповедањето. Тој ни налага да одиме кај оној што паднал во искушение и да работиме со него насамо. Ако не е можно да му помогнеме затоа што неговиот ум во толкава мера е замрачен што се одвоил од Бога, тогаш треба да се обидеме повторно со уште други двајца или тројца. Ако злото ниту тогаш не биде исправено, дури тогаш треба да ја известиме црквата. Многу е подобро ако злото може да се исправи и навредата да се исцели, без предметот да се изнесува пред целата црква. …
Меѓутоа, прашањето како и на кого треба да се исповедаме треба да се проучи грижливо и со молитва. Ние мора да го разгледаме од сите страни, одмерувајќи го пред Бога и барајќи божествено просветлување…
Во сѐ што прави Господ има сила и трајност, без разлика дали тоа го прави преку луѓе или на некој друг начин…
Срцата кои што се под влијание на Светиот Дух ќе бидат во слатка хармонија со Божјата волја. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 646.647. оригинал)