2 јануари – Во заедница со Него

„Фалете се со Неговото свето име, нека се радува срцето на оние, кои Го бараат Господа!“ (Псалм 105,3)

Создаден да ја најде својата највисока радост во Бога, тој во ништо друго не може да го најде она што би можело да го задоволи копнежот на срцето, што би можело да ја згасне онаа глад и жед на душата. Оној кој ја проучува Божјата Реч со искрено и отворено срце, стремејќи се да ги разбере нејзините вистини, ќе биде доведен во допир со нејзиниот Автор; и нема да постои граница на можностите на неговиот развој, освен ако тој самиот не го одлучи спротивното. (Воспитување, стр. 124,125. оригинал)

Ниту еден човек не може вистински да ужива во животот без религија. Љубовта кон Бога го прочистува и облагородува секој вкус и желба, го засилува секое чувство и го осветлува секое вредно задоволство. Таа им овозможува на луѓето да го ценат и да уживаат во сè што е вистинито, добро и убаво. (Порака до младите, стр. 264. оригинал)

Да се биде свесен дека Господовото око е врз нас, и дека Неговото уво е отворено за нашите молитви, е вистинско задоволство. Да се знае дека имаме Пријател кој никогаш не нè изневерува, кому можеме да му ги довериме сите тајни на душата, е среќа која зборовите никогаш не можат да ја изразат. (Counsels on Health, p. 628)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest