2 февруари – Радост поради Неговите дела

„Нека трае довека Господовата слава: нека се радува Господ во Своите дела!“ (Псалм 104,31)

„Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, и честа и силата, зашто Ти си создал сè, и заради Твојата волја суштествува сè и е создадено.“ (Отрковение 4,11)

Бог со задоволство гледал на делото на своите раце. За сè што создал, Тој прогласил „дека е многу добро“ (Битие 1,31). Небото и земјата биле исполнети со радост: „Утринските ѕвезди ликуваа и сите Божји синови извикуваа од радост“ (Јов 38,7). (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 349. оригинал)

Со тоа создавањето било завршено. „Така беа довршени небото и земјата со сето свое воинство.“… Едем цутел на земјата… На чистото дело на создавањето немало никаква сенка од грев или смрт… Големиот Јехова ги поставил темелите на земјата; цел свет го облекол во убавина и го наполнил со сѐ што е полезно за човекот; Тој ги создал сите чуда на копното и морето. (Патријарси и пророци, стр. 47. оригинал)

Над светот почивал мир, зашто земјата била во хармонија со небото. „И виде Бог сè што создаде, и беше мошне добро“, (Битие 1,31) и си починал, радувајќи му се на своето завршено дело. (Копнежот на вековите, стр. 281. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest