19 септември – Вистинската љубов е свет принцип

„А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат.“ (Матеј 5,44)

Љубовта е скапоцен дар што го примаме од Исуса. Чистата и света наклоност не е чувство туку принцип. Оние, кои ги придвижува вистинска љубов, не се ниту неразумни ниту слепи.

Денес има малку вистинска, искрена, посветена и чиста љубов. Овој скапоцен дар е многу редок. Денеска страста ја нарекуваат љубов.

Вистинската љубов е возвишен и свет принцип, кој целосно се разликува од љубовта која е заснована на нагоните и која одеднаш умира штом ќе се најде пред сериозен тест.

Љубовта е билка со небесно потекло која мора да се негува и храни. Преданите срца, искрените љубезни зборови ќе ги направат семејствата среќни и позитивно ќе влијаат на сите оние со кои доаѓаат во допир…

Додека чистата љубов секогаш го прашува Бога за сите свои планови и секогаш е во совршена хармонија со Божјиот Дух, страста е тврдоглава, избувлива, неразумна, ги отфрла сите ограничувања и од својот избраник или избраничка прави идол. Божјата милост ќе се покаже во целокупното однесување на оној кој ја негува вистинската љубов. Скромност, едноставност, искреност, почитување и вера во Бога ќе го обележуваат секој чекор кој води кон основање на брак. Младите, кои се одликуваат со овие вредности, нема да бидат окупирани со својата заемна врска до тој степен да ја загубат желбата да присуствуваат на молитвените и други богослуженија. Нивната ревност за вистината нема да згасне поради занемарување на можностите и предностите коишто Бог милостиво им ги дал.

Љубовта која нема подобар темел од телесните задоволства е тврдоглава, слепа и незауздана. Честа, вистината и секоја благородна и возвишена сила на разумот ќе им бидат потчинети на страстите. Човекот, кој е окован со синџирите на оваа заслепеност, не го слуша гласот на разумот и совеста; никаков доказ ниту молба не можат да го наведат да ја види лудоста на својот пат.

Вистинската љубов не е силна, распалена и неконтролирана страст. Напротив, таа е по природа мирна и длабока. Таа не се задржува на надворешноста, туку ја привлекуваат внатрешните особини. Таа е полна со мудрост и расудување, и нејзината верност е вистинска и трајна.(Темели на среќниот дом, стр. 50.51. оригинал)

1 Јули - Барајте Го Господа постојано
30 јуни - По плодовите ќе ги познаете
29 јуни - Плодовите на Духот
28 јуни - Преобразениот живот донесува плод
27 јуни - Преобразениот живот е чист
26 јуни - Ќе бидеме ново создание
25 јуни - Преобразувачката сила на вистината 
24 јуни - Откако ќе победите, да се одржите
23 јуни - Вкоренети и надѕидани на Него
22 јуни - Христовиот збор нека се всели во вас

Pin It on Pinterest