„Да ја навестам годината на Господовата милост и денот на одмаздата на нашиот Бог.“ (Исаија 61,2)
Спасителовиот пример треба да нè поттикне да вложуваме сесрдни, самопожртвувани напори поради доброто на другите. Тој дошол на овој свет како неуморен слуга на човечките потреби. Љубовта кон паднатиот род избивала од сè што рекол или направил. Тој го облекол своето Божество во она што е човечко, за да може да живее меѓу човечките суштества како еден од нив како учесник во нивното сиромаштво и во нивните страдања. Колку само Неговиот живот бил исполнет со работа! Од ден на ден влегувал во скромни живеалишта на беда и страдање, упатувајќи зборови на надеж на очајните и зборови на мир на неволните. Тој бара Неговиот народ денес да го врши тоа дело. Понизен, милостив, нежен и сожалив, Тој постојано правел добри дела, подигајќи ги скршените и тешејќи ги очајните. Никој кој му се обратил не отишол без помош. На сите им донесувал надеж и радост…
Можностите што ни ги пружа, ветувањата што ни ги дава, благодатите со кои нè опсипува, сето тоа треба да нè поттикне на поголема ревност и посветеност.
Секој нов член на црквата треба да биде ново орудие за спроведување на планот на откупување. Секоја сила со која располага Божјиот народ треба да биде посветена на приведување многу синови и ќерки кај Бога. Во нашата служба не смее да има рамнодушност, не смее да има себичност. Секое отстапување од самооткажувањето, секое попуштање во сесрдните напори значи зајакнување на непријателот. (Сведоштва за црквата, вол. 7, стр. 221.222. оригинал)
Со таква војска од работници како што е нашата младина… колку брзо пораката за распнатиот, воскреснат и Спасител кој скоро ќе дојде, може да се пренесе на целиот свет! (Counsels to Parents, Teachers, and Students, p. 555)