19 декември – Аврам го очекувал градот

„Зашто бараше град со основи, кому Бог му е Градител и Творец.“ (Евреите 11,10)

Аврам на овој свет немал земја „ниту една стапка“. Бил мошне богат со подвижно богатство што го употребувал да го слави Бога и да им помага на ближните, но овој свет не го сметал за свој роден крај. Господ го повикал да ги напушти своите идолопоклонички земјаци и за вечни времиња му ја ветил хананската земја; но сепак, неа не ја наследиле ниту тој, ниту неговиот син, ниту синовите на неговиот син.

Кога посакал да има посебно место да ги закопа своите мртви, и тоа морал да го купи од еден Хананец. Единствениот негов имот во ветената земја се состоел од една гробница изделкана во камен во пештерата Макпела.

Меѓутоа, Божјиот збор сепак не изневерил. Самото заземање на Ханан од страна на Евреите не значело негово целосно исполнување… Лично Аврам требало да учествува во благословите на ветеното наследство… Библијата јасно кажува дека ветувањата дадени на Аврама треба да се исполнат преку Христа… Бог на Аврама во визија му го покажал тоа бесмртно наследство што нема да овене, и со тоа неговата надеж била задоволена. „Со вера се пресели Аврам во ветената земја, како во туѓа, и се настани под шатори со Исака и Јакова, наследниците на тоа ветување; оти тој го очекуваше оној град што има основи и чиј градител и творец е Бог“.

За Аврамовите потомци стои напишано: „Сите тие умреа со вера, не добивајќи ги ветувањата, а само оддалеку ги видоа и се уверија, и ги поздравија, признавајќи дека се гости и придојдени.“ Овде на земјата мораме да живееме како гости и дојденци ако сакаме „подобро” наследство, „односно небесно“. (Патријарси и пророци, стр. 169.170. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest