18 септември – Бог е мој штит

„Секое Божјо слово е испитано, Тој им е штит на оние, кои се надеваат на Него.“ (Пословици 30,5)

Божјиот народ што ги држи Неговите заповеди стои под целосна заштита
на Семожниот.

„Оној кој живее под закрилата на Севишниот,
ќе се одмора во сенката на Седржителот,
Ќе му речам на Господа:
‘Прибежиште мое! Тврдино моја! Мој Бог, на Кого се надевам!’
Зашто Тој ќе те ослободи од примката на ловецот, од гибелниот помор.
Ќе те покрие со Своите перја, и ќе се засолниш под Неговите крила.
Неговата вистина е штит и закрила! (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 120. оригинал)

Нашиот Бог владее со небото и земјата и знае точно што ни е потребно. Ние сме во состојба да видиме нешто од она што е пред нас, но „сè е голо и откриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме“ (Евреите 4,13).

Тој седи на својот престол, возвишен над целата земна збрка и сè е откриено на Неговиот божествен поглед; и од Неговата големина и мирот на вечноста Тој одредува да биде тоа што Неговото провидение го наоѓа за најдобро.

Ниедно врапче не паѓа на земјата, а Господ тоа да не го запази. Сатанската омраза кон Бога е толкава така што тој ужива да ги уништува дури и немите созданија. Само Божјата заштита ги чува птиците за да нè веселат со својата радосна песна. Тој не ги заборава дури ни врапчињата. (Сведоштва за црквата, вол. 8, стр. 272.273. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest