18 октомври – Христовото дело

„Духот на Господа Бога е на Мене, зашто Господ Ме помаза, Ме испрати да им донесам Радосна Вест на бедните, да ги излечам скршените срца; да им проповедам слобода на заробениците и ослободување на оние во темница.“ (Исаија 61,1)

Тој „проживеа правејќи добрини и исцелувајќи ги сите кои ѓаволот ги измачуваше“. Имало цели села во кои не се слушнал извик на болка од ниедна куќа, бидејќи Тој поминал низ нив и ги исцелил сите болни. Неговото дело било доказ за Неговото божествено помазание. Во секое дело на Неговиот живот се откривале љубов, милосрдие и сомилост; Неговото срце било полно со нежно сочувство кон човечките синови. Тој зел човечка природа за да може да ги сфати потребите на човекот. Најсиромашните и најпонижените не се плашеле да му пристапат. Дури и малечките деца ја чувствувале Неговата привлечност. Тие се качувале на Неговите колена и седеле во Неговиот скут да го гледаат Неговото замислено лице, добродушно и полно со љубов. Исус не се притеснувал да ја каже вистината, но тоа секогаш го правел со љубов. Во своето однесување со луѓето бил мошне тактичен и им укажувал промислено и љубезно внимание. Никогаш не бил груб, никогаш не изговорил непотребно некој остар збор, никогаш не ѝ нанел непотребна болка на чувствителната душа. Не ги осудувал човечките слабости. Ја зборувал вистината, но секогаш со љубов. Ги жигосал лицемерството, неверноста и беззаконието; но, додека изговарал остри прекори, во Неговиот глас се чувствувала болка. Плачел над саканиот град Ерусалим, кој одбил да го прими Него ­ Патот, Вистината и Животот. Го отфрлиле Него, Спасителот, а Тој им пристапувал со нежност и сожалување. Животот му бил исполнет со самооткажување и со внимателна грижа за другите. Секоја душа била драгоцена во Неговите очи. Иако секогаш внимавал на своето божествено достоинство, со најнежно внимание се наведнувал над секој припадник на Божјето семејство. (Патот кон Христа, стр. 12.13. оригинал)

23 октомври - Проповедајте го Словото
22 октомври - Затоа одете
21 октомври - Христос дојде да ги повика грешниците
20 октомври - Ќе оправда мнозина
19 октомври - Христовото дело е и наше дело
18 октомври - Христовото дело
17 октомври - Сè ви покажав
16 октомври - Синот Човечки дојде да служи
15 октомври - Христовиот пример
14 октомври - Божјето оружје

Pin It on Pinterest