18 ноември – Ќе ја претвори темнината во светлина

„Ќе ги водам слепците по патиштата, ќе ги упатам по патеките. Пред нив ќе ја обрнам темнината во светлина, а нерамната почва во рамна. Тоа ќе го направам и нема да ги оставам.“ (Исаија 42,16)

Неволјите на кои се изложени христијаните.- тагата, немаштијата и срамот – претставуваат од Бога одредени средства со кои Тој го одвојува плевелот од пченицата. Својата горделивост, себичност, зли страсти и љубовта кон задоволствата на овој свет сите мораме да ги победиме; токму со таа цел Бог дозволува да се проверуваме и испитуваме преку неволјите, а и за да ни покаже дека тие зла сè уште се наоѓаат во нашиот карактер. За да станеме учесници во божествената природа со избегнување на изопаченоста на овој свет и телесните желби, мораме да извојуваме победа со Божја сила и со Неговата благодат… Неволјите,страдањата, искушенијата, несреќите и другите наши проби – претставуваат орудија со кои Бог нè чисти, посветува и подготвува за небесниот амбар. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 115. оригинал)

О, зошто сме толку чувствителни на неволјите и префрлањата, на срамот и страдањата, кога нашиот Господ ни оставил токму таков пример? Зар можеме да очекуваме да влеземе во радоста на својот Господар, ако не сакаме да поднесеме страдања како што поднесувал Тој?

Што? Слугата не сака да го поднесе срамот кој Господарот несебично го поднел за него! Слугата се плаши за животот исполнет со понижување и жртва иако тоа е за негово добро, иако само така ќе постигне неизмерна, вечна награда! Моето срце зборува: Сакам да ги делам со Христа Неговите страдања, за на крајот да учествувам во Неговата слава. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 491. оригинал)

Не дозволувајте вашата истрајност да ја расколебаат потсмевот и исмевањата на оние кои се во власт на суетата. Одете по Спасителот во добро и во зло. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 237. оригинал)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest