18 јуни – Нема да се поколебам

„Господ ми е секогаш пред очите; бидејќи ми е од десната страна, нема да се сопнам.“ (Псалм 16,8)

Сеопфатноста на нашиот карактер го сочинуваат нашите навики и во најситните детали… Ниту една должност која треба да се изврши не е безначајна. Секоја постапка има своја тежина, или на вистинската или на погрешната страна. Само со примена на начелата и во најситните детали од секојдневниот живот ние се проверуваме и нашите карактери се образуваат. Во различни околности во животот ние биваме испитувани и тестирани и така стекнуваме сила да се спротивставиме на поголемите и позначајни проби преку кои мораме да поминеме за да се оспособиме за поголеми и поодговорни положби. Умот преку секојдневни проби мора да се вежба на навики на верност, на чувство на правда и должност кои треба да ги става над личните склоности и задоволства. Луѓето со така насочен дух не се колебаат помеѓу доброто и злото, како што трската се лула на ветрот, туку штом ќе се појави некој проблем, тие веднаш увидуваат дека е во прашање начело и инстинктивно, без долга расправа, се одлучуваат за она што е исправно. Тие се верни затоа што се научиле себеси на навики на верноста и вистина. Верни во малку, тие стекнуваат неопходна сила со леснотија да останат верни и во поголеми работи. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 22. оригинал)

Ако нашиот живот е исполнет со свет мирис, ако го славиме Бога имајќи добри мислења за другите, правејќи добри дела и служејќи им на ближните, тогаш не е важно дали ќе живееме во некоја колиба или во палата. Околностите немаат врска со животот на душата. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 488. оригинал)

Големото име стекнато во светот е слично на збор напишан на песок, меѓутоа, беспрекорниот карактер ќе остане за цела вечност. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 579. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest