18 декември – Кој ќе победи ќе седне со Бога на престолот

„На оној, кој победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Мојот Татко на Неговиот престол.“ (Откровение 3,21)

Со Својата сигурна и семоќна рака Бог ја прифаќа секоја душа која ќе Му се обрати за помош, колку и да е таа душа слаба и беспомошна. Сите богатства на овој свет можат да пропаднат, но душата која живее за Бога, која не се колеба кога е изложена на ударите на напад и осуда, ниту се изопачува кога е пофалена, ќе остане засекогаш со Него. Златните порти на Божјиот град ќе се отворат само пред оној кој уште на оваа Земја научил да бара од Бога водство и милост, утеха и надеж во секоја неволја, па дури и тогаш кога изгледа дека сè е изгубено. Таквиот ангелите ќе го поздравуваат со песни на добредојде, а дрвото на живот ќе донесува и за него свои плодови. (Сведоштва за црквата, вол. 4, стр. 328. оригинал)

Сеќавањата од твојот живот се пишуваат во небесните книги и ако ги победиш своите недостатоци, во тој запис ќе се најдат и душите спасени со твоите напори, самооткажување, добри зборови и доследен христијански живот. И кога конечно ќе се дава секому според своите дела, откупените души ќе те наречат блажен, а Господарот ќе каже: „Добро извршено, добар и верен слуго, влези во радоста на својот Господар.“ (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 246.247. оригинал)

„Ќе бидат Божји и Христови свештеници и ќе царуваат со него илјада години“… Заедно со Христа тие ќе им судат на грешниците споредувајќи ги нивните дела со Книгата на законот, со Библијата, и ќе го решат секој случај според делата што се направени во тело. (Големата борба, стр. 661. оригинал)

Кога ќе се преобразат во бесмртност и заедно со Исуса ќе бидат земени на небо, кога секој ќе прими харфа, облека и круна и ќе влезе во Светиот Град, светиите со Исуса ќе пристапат кон судот. (Рани списи, стр. 52. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest