18 август – Тој нема да се сеќава на нашите гревови

„А Јас, заради Себе ги бришам твоите престапи, и не си спомнувам за твоите гревови.“ (Исаија 43,25)

Исус рекол: „Оној кој победува, ќе биде облечен во бела облека и нема да го избришам неговото име од книгата на животот, туку ќе го признаам неговото име пред мојот Отец и пред неговите ангели.“…

И најживото интересирање на луѓето за одлуките на земните судови претставува само бледа слика на огромниот интерес што владее за работата на небесниот суд кога имињата од Книгата на животот се појавуваат пред Судијата на цела Земја…

Гревовите за кои не сме се покајале и кои не сме ги напуштиле, нема да бидат простени и избришани од книгата, туку на денот на Божјиот суд ќе бидат сведоци против грешникот. Без оглед на тоа дали човекот своите лоши дела ќе ги направи среде бел ден или во мрак среде ноќ, тие се откриени пред Оној пред кого сите мораме да дадеме сметка. Божјите ангели го виделе секој сторен грев и го запишале во непогрешните книги. Гревот може да се негира, да се скрие, само пред таткото, пред мајката, пред жената, пред децата и пред пријателите. Можеби никој, освен грешникот, ниту малку не се сомнева во стореното зло, но пред небесните суштества ќе биде сѐ откриено.

Темнината на најтемната ноќ, таинственоста на највештите измами не можат да скријат ниту една единствена мисла пред сезнаењето на Вечниот. Бог има точен извештај за секоја неправда и за секое нечесно дело. Него не можеме да го измамиме со надворешниот изглед на побожноста. Тој не се лаже во оценувањето на карактерот. Луѓето со расипано срце можат да измамат човек, но Бог проникнува во секое лицемерство и го познава целиот внатрешен живот на човекот. Каква свечена помисла! (Големата борба, стр. 483-486. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest