18 aприл – Дали сме свесни за нашата потреба?

„Само Тој е моја заштита и спасение, Тврдина моја: нема да се поколебам.“ (Псалм 62,6)

Како што ни е потребна храна за да ја одржиме физичката сила, така ни е потребен Христос, Лебот од Небото, да нѐ поткрепи во духовниот живот и да ни подари сила за работа во Божјето дело. Како што телото постојано прима хранливи состојки што го одржуваат животот и снагата, така и душата мора да одржува постојана заедница со Христа, покорувајќи му се и целосно потпирајќи се на Него.

Како што еден уморен патник во пустина копнее по извор, и откако ќе го најде ја гасне својата голема жед, така и христијанинот ќе биде жеден да пие од чистата вода на животот чиј извор се наоѓа во Христа.

Кога ќе го запознаеме карактерот на Спасителот, ние ќе посакаме потполно да се преобразиме и да се обновиме според примерот на Неговата непорочност. Колку повеќе го запознаваме Бога, толку повозвишен ќе биде нашиот идеал за карактерот и посесрдна нашата желба да го одразуваме Божјиот лик. Кога душата копнее по Бога, божественото се соединува со човечкото, а срцето полно со копнеж тогаш кажува: „А ти, душо моја, само на Бога чекај, зашто само во Него е мојата надеж“ (Псалм 62,5).

Ако сте свесни за сиромаштијата на својата душа, ако сте гладни и жедни за праведност, тоа е доказ дека Христос ја поттикнал желбата во вашето срце да го повикате, излевајќи го Светиот Дух, за во вас да го оствари она што вие не сте во состојба да го сторите за себе. Својата жед не мораме да ја гаснеме на плитки потоци; зашто големиот извор се наоѓа токму над нас, од чиишто изобилни води можеме слободно да пиеме, само ако малку повеќе се издигнеме на патеката на верата.

Божјите зборови се извор на животот. Ако копнеете по тие живи извори, тогаш, со помош на Светиот Дух, и вие ќе остварите заедница со Христа. Познатите вистини ќе ви се откријат во нов облик, библиските текстови ненадејно, како светлината на молњата, ќе заблескаат со ново значење, ќе ја согледате поврзаноста на прекрасните вистини со делото на откупување и ќе знете дека ве води Христос, дека божествениот Учител е покрај вас.

Додека Светиот Дух ви ја открива вистината, вие ќе стекнувате најдрагоцени искуства и ќе копнеете и на другите да им кажувате за утешните вистини кои ви се откриени. Кога ќе се сретнете со нив, вие ќе им ги пренесувате новите мисли за Христовиот карактер и дело. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 19.20. оригинал)

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest