18 февруари – Со Неговиот возљубен Син

„А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата Му се отворија и го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: ‘Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината!’“ (Матеј 3,16.17)

Зборовите што му се упатени на Исуса на Јордан, „Овој е мојот мил Син, кој ми е по волја“ ­ го прегрнале целиот човечки род. Бог на Исуса му проговорил како на наш претставник. Покрај сите наши гревови и слабости, ние не сме отфрлени како безвредни. Тој „ни укажа милост (нè прифати) во Саканиот“ (Ефесјаните 1,6). Славата што почивала врз Христа е залог на Божјата љубов за нас. Таа ни зборува за силата на молитвата ­ како може човечкиот глас да допре до Божјето уво и нашите молби да бидат прифатени во небесните дворови. Поради гревот земјата е отсечена од небото и оттуѓена од неговата заедница; но Исус пак ја поврзал со подрачјето на славата. Неговата љубов го опкружила човекот и достигнала до највисокото небо. Светлината што доаѓала од отворените капии врз главата на Спасителот ќе доаѓа и врз нас додека се молиме за помош да му се спротивставиме на искушението. Гласот што му зборувал на Исуса ѝ кажува на секоја верна душа: „Овој е мојот мил Син, кој ми е по волја“. (Копнежот на вековите, стр. 113. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest