18 март – Бог нè избрал нас

„А вие сте избран род, царско свештенство, свет народ, народ придобиен, за да ги прогласите славните дела на Оној, Кој ве повика од темнина во Својата чудесна светлина.“ (1. Петрово 2,9)

Наведените цитати од Светото Писмо јасно покажуваат дека Божјиот народ мора да биде посебен народ, јасно разликувајќи се од неверниците со кои е опкружен. Нашата положба е значајна и тешка. Живееме во последните денови, и мошне е важно да го следиме и покажуваме Христовиот пример, живеејќи онака како што живеел и Тој… Не можеме да се раководиме според човечките мислења и мудроста на овој свет, зашто луѓето секогаш сакаат да го избегнат носењето на крстот. Овој свет не е татковина за Христовите слуги, ниту пак овде се наоѓа нивното богатство. О, кога би можеле сите да сфатат дека во мир и безбедност живееме меѓу своите непријатели само затоа што Господ владее со сите.

Не е наше да бараме некои посебни права и наклоност во овој свет. Мораме да се помириме со тоа да бидеме сиромашни и презрени меѓу луѓето, сѐ додека од борбата што сѐ уште се води не излеземе како победници. Христовите следбеници се повикани да излезат од светот и да го раскинат секое пријателство со неговиот дух и обичаи. Нивната сила и сигурност се наоѓаат во тоа што се избрани и прифатени од Бога…

Како што поминал Христос на овој свет, така мораат да поминат и Неговите следбеници. Тие се Божји синови и Христови сонаследници; и сета власт и царството им припаѓа и на нив. Светот не може да го разбере нивниот карактер и нивниот свет повик; не сфаќа дека тие се примени во Божјото семејство. Нивната поврзаност и заедништво со Таткото и Синот не се покажува видливо и, посматрајќи ги во нивната скромност и отфрленост, светот не може да види што се тие и што ќе бидат. За овој свет тие се само странци и туѓинци, и затоа побудите со кои тие се раководат воопшто не се ценат. (Сведоштва за црквата, вол.1, стр. 286.287. оригинал)

1 април - Советот е Господов
31 март - Треба да Му се заблагодариме за Неговите ветувања
30 март - Бог ги исполнува ветувањата ако соработуваме
29 март - Божјите ветувања зависат од послушноста
28 март - Мораме да веруваме
27 март - Мора да се повикуваме на Божјите ветувања
26 март - Господ не доцни со своите ветувања
25 март - Нам ни е ветено постојано водство
24 март - Тој обезбедува заштита во време на неволја
23 март - Господовиот дел е Неговиот народ

Pin It on Pinterest