17 септември – Божјето водство

„Го изведе Својот народ со воскликнување и со веселба Своите избрани. И им ја даде многубожечката земја, го наследија трудот на народите, за да ги чуваат Неговите повелби и да ги пазат Неговите закони. Алилуја!“ (Псалм 105,43-45)

Истиот облак кој за Египќаните бил голем мрачен ѕид, за Израелците бил извор на светлина што го осветлувала целиот нивни логор осветлувајќи го со своите блескотни зраци и патот што се пружал пред нив. Така често и денеска настаните што се дело на провидението, на оние што се сомневаат им донесуваат само темнина и очај, а на верните видело и мир. Патот по кој не води Бог може да поминува и низ пустина и низ море, но тоа сепак е сигурен пат. (Патријарси и пророци, стр. 290. оригинал)

Бог никогаш не ги води своите деца поинаку отколку самите што би избрале да бидат водени кога би можеле од почеток да го видат крајот и да ја разберат славната намера што ја исполнуваат како Негови соработници. Ни Енох, кој е одведен на небото, ни Илија, кој се вознел во огнена кола, не биле поголеми и повеќе почитувани од Јована Крстителот кој умрел сам во затвор. „Вам ви беше дадено заради Христа не само да верувате во него, туку и да страдате заради него“ (Филипјаните 1,29). Од сите дарови што може да им ги даде Небото на луѓето, заедницата со Христа во Неговите маки е најголема доверба и најголема почест. (Копнежот на вековите, стр. 225. оригинал)

Треба често да се повторува она што Бог го направил за Својот народ. Колку често Господ поставувал патокази во своето постапување со стариот Израел! За да не ја заборават историјата од минатото, Бог Му наредил на Мојсеј да ги изнесе тие настани во песни, за да можат родителите со нив да ги поучуваат своите деца. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 364.365. оригинал)

3 октомври - Божји гласници
2 октомври - Ние сме Негови соработници
1 октомври - Ве поставив вас
30 септември - Посветеноста на Елисеј
29 септември - Посветеноста на Павле
28 септември - Посветеноста на Самуил
27 септември - Посветеноста на сиромашната вдовица
26 септември - Посветеноста на Мојсеј
25 септември - Посветеноста на Македонците
24 септември - Исусовата посветеност

Pin It on Pinterest