17 октомври – Сè ви покажав

„Во сè ви покажав дека така треба да се трудите и да им помагате на немоќните, и да си спомнувате на зборовите на Господа Исуса, како Самиот што рече: ‘Поблажено е да се дава, отколку да се прима.’“ (Дела 20,35)

Меѓу сиромасите има многу такви кои копнеат да му ја покажат својата благодарност на Бога за Неговата милост и вистина. Тие топло сакаат еднакво да учествуваат во потпирањето на Неговото дело заедно со своите поимотни браќа. Овие души не треба да се обесхрабруваат… Ако се дадени од срце исполнето со љубов кон Бога, овие навидум ситници ќе станат посветени дарови, непроценливи жртви на кои Бог им се радува и ги благословува.

Кога рекол за вдовицата дека „даде повеќе од сите“, Исусовите зборови биле вистинити, не само во однос на побудата, туку и во однос на резултатите на нејзиниот дар. „Две лепти, односно еден кодрант“, на Божјата благајна ѝ донеле износ на пари што бил многу поголем од придонесот на сите богати Евреи. Влијанието на тој малечок дар бил како река, малечка на својот почеток, но која се шири и се продлабочува додека тече низ вековите. На илјада начини придонесувал за потпирање на сиромасите и за ширење на евангелието. Нејзиниот пример на самопожртвуваност постојано дејствувал врз илјадници срца во секоја земја и во секое поколение. Тој им се обраќал и на богатите и на сиромасите, па нивните дарови ја зголемиле вредноста на нејзиниот дар. Божјиот благослов над лептите на вдовицата ги сторил извор на големи успеси. Истото тоа се случува со секој дар што се дава и со секое дело што ќе се изврши со искрена желба да биде на слава на Бога. Тој е поврзан со целите на Семожниот. Неговото влијание на добро не може да го измери ниеден човек. (Копнежот на вековите, стр. 615.616. оригинал)

Најобичните задачи исполнети со верност и љубов, се скапоцени во Божјите очи. (Пророци и цареви, стр. 219. оригинал)

1 јануари - Бог нè повикува секогаш да се радуваме
31 декември - Овие зборови се верни и вистинити
30 декември - Во сабота сите ќе Му се поклонуваат на Бога
29 декември - Диви ѕверови нема да му наштетат на никого
28 декември - Ќе уживаме во делата на нашите раце
27 декември - Ќе градиме куќи
26 декември - Човекот ќе биде обновен
25 декември - Нема да има веќе смрт
24 декември - Што подготвува Бог за оние што Го љубат
23 декември - Нема да има никакво проклетство

Pin It on Pinterest