17 ноември – Тој ќе те држи за рака

„Јас, Господ, те повикав во правда, те зедов цврсто за рака; те вообличив и те поставив за Завет на народот и за светлина на племињата.“ (Исаија 42,6)

Душата што му се потчинува на Христа станува Негова тврдина што Тој ја држи во побунетиот свет и настојува во неа да не биде признат ниту еден друг авторитет, освен Неговиот. Душата која на тој начин ја држат небесните сили е непреземлива за сатаната. (Копнежот на вековите, стр. 324. оригинал)

Живејте во заедница со живиот Христос и Тој цврсто ќе ја држи вашата рака и никогаш нема да ја испушти. Запознајте ја љубовта која Бог ја има кон нас, верувајте во неа и ќе бидете сигурни; таа љубов е тврдина, која е неосвоива за сите сатански напади и измами. „Името на Господ е цврста кула: ако во неа побегне праведник, безбеден е.“ (Мисли од гората на блаженствата, стр. 119. оригинал)

Ништo нe e нaвидум тoлку нeмoќнo, a всушнoст тoлку нeпoбeдливo, кaкo душaтa штo ja чувствувa свojaтa ништoжнoст и цeлoснo сe пoтпирa нa зaслугитe нa Спaситeлoт. Прeку мoлитвa и прoучувaњe нa Нeгoвиoт збoр, прeку вeрa вo Нeгoвaтa пoстojaнa присутнoст, и нajслaбитe чoвeчки битиja мoжaт дa живeaт вo пoстojaнa врскa сo живиoт Спaситeл. Toгaш, Toj цврстo ќe ja држи душaтa сo свojaтa дeсницa и никoгaш нeмa дa ja oстaви… Oниe нa кoи Христoс нajмнoгу им прoстил, нajмoгу и ќe Гo сaкaaт. Tиe сe oниe, кoи вo пoслeдниoт дeн ќe зaстaнaт нajблиску дo Нeгoвиoт прeстoл. (Здравје и среќа, стр. 182. оригинал)

Славните ангели наоѓаат своја радост во давањето – во дарувањето на љубов и во неуморното бдеење над душите што паднале и ја загубиле својата светост. Небесните суштества се обидуваат да ги задобијат човечките срца; тие на овој мрачен свет му носат светлина од небесните дворови. Со својата љубезна и стрплива служба тие вршат влијание врз човечкиот дух и така загубените ги водат во заедница со Христа кој им е многу поблизок отколку што самите можат да си претпостават. (Копнежот на вековите, стр. 21. оригинал)

10 март - Природата е создадена да ми донесе радост
9 март - Радувајте се со целата природа
8 март - Неговата мудрост носи задоволство
7 Март - Бог е мој извор на мудроста
6 Март - Бог ја услишува мојата молитва
5 март - Очистени со Неговата крв
4 март - Емануел, „Бог со нас“, дошол
3 март - Надевајте се во Господа
2 март - Радујте се на дарот на животот
1 март - Радоста е Божји дар

Pin It on Pinterest